Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку по секоја цена сака да се врати во Интер, од кој минатото лето замина во Лондон.
Белгиецот минатата година пристигна во Челзи за повеќе од 100 милиони евра. На 26 натпревари во Премиер лигата постигна само осум гола, а имаше конфликт и со тренерот Томас Тухел.
Сепак, и покрај желбата приказната да се заврши што побрзо, голем проблем е платата. Лукаку заработува речиси 350 илјади евра неделно во Лондон.
Интер не е подготвен да издвои толку пари. Сега се споменува ппзајмица како опција. Челзи прво побара 20 милиони евра, но потоа падна на 12. Интер е подготвен да издвои седум милиони евра. Останува да видиме дали клубовите ќе најдат заеднички јазик.