ФУДБАЛ

Цената на Милинковиќ-Савиќ преполовена

Цената на српскиот фудбалер од Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ поради слабите изданија оваа сезона во Серија А падна на 50 милиони евра.

Таа сума е подготвен да ја плати Интер во јануарскиот трансфер прозорец.

Пред почетокот на сезоната, европски гиганти како што се Јувентус, Милан, Манчестер јунајтед, Реал Мадрид нудеа двојно повисоки суми, но првиот човек на на римскиот клуб Клаудио Лотито ги одби сите понуди, бидејќи тој бараше астрономски 150 милиони евра.

Сега единствена понуда за Лацио е оваа од Интер.

ПОВРЗАНО

Серија А