ФУДБАЛ

Циркусот продолжува: Јувентус – Милан сепак ќе играат пред празни трибини?

Јувентус и Милан во среда играат реванш од полуфиналето на Купот на Италија.

Сепак, главна тема во Италија е дали овој натпревар ќе се игра воопшто заради коронавирусот.

Првичната одлука беше да се игра натпреварот, но само навивачите од региони кои не се зафатени од епидемијата на коронавирус можеа да дојдат на стадионот.

Но, „Тутуспорт“ денес пишува дека големи се шансите натпреварот да се игра пред празни трибини.

Конечната одлука ќе се знае утре, но како што стојат работите, големи се шансите навивачите да бидат на трибините.