ДРУГИ СПОРТОВИ

Циципас се повлече

Стефанос Циципас одлучи да се повлече од финалето на АТП во Торино.

Гркот се откажа поради повреда на лактот со која имаше проблеми на Мастерсот во Париз.

Постоеше дилема дали ќе настапи во Торино, но тој реши да се обиде.

Во првото коло беше поразен од Андреј Рубљев со 6:4, 6:4 и беше јасно дека ќе се повлече.

„Тоа беше многу тешка одлука за мене, работев напорно за да стигнам до финалето и овој неверојатен настан, но за жал нема да можам да продолжам“, изјави Гркот.