ФУДБАЛ

Црна недела за Реал Мадрид

Угледната Марка, весник кој традиционално го поддржува Кралскиот клуб, пишува за црната недела за Реал Мадрид.

Во текот на неделата, Marca пишуваше за т.н „лажни засилувања“, односно играчи за кои Реал покажува интерес, но сигурно нема да ги доведе.

Марка пишува дека тројцата играчи окарактеризирани како „лажни засилувања“ оваа недела нашле нови клубови и сигурно нема да играат за Реал.

Тимо Вернер беше првиот што испадна од листата. Германецот од Челзи ќе се пресели во РБ Лајпциг во трансфер вреден 35 милиони евра.

По Вернер, на ред дојде и Фабијан Руиз, кој претходно се споменуваше како желба на тренерот Карло Анчелоти.

Руиз, чиј договор со Наполи истекува следното лето, кариерата ќе ја продолжи во ПСЖ, барем така тврди римскиот весник „Кориере дело спорт“.

Во последно време како нов напаѓач на Реал се споменува и 22-годишниот Амине Гуири кој настапува за Ница.

Сепак, денеска од Азурниот брег стигна вест дека никој од Реал не стапил во контакт со Ница за евентуален трансфер на талентираниот голгетер.

Реал, кој минатата сезона ја освои двојната круна, беше прилично мирен во претходниот дел од преодниот рок, што е и очекувано со оглед на целосниот тим.

Пристигнаа две звучни засилувања. Антонио Рудигер потпиша како слободен играч, додека Аурелиен Чуамени во Монако беше платен 80 милиони евра.