ФК Црвена Звезда подготвува одличен трансфер.
Утрово српските медиуми објавија дека Марко Лазетиќ ќе му се приклучи на Милан за пет милиони евра.
Се наведува дека последните состаноци на челниците на двата клуба во Милано ќе се одржат во наредните денови.
Директорот на Милан, Паоло Малдини има голема желба да го доведе Лазетиќ и се чини дека тоа ќе се исполни.
Лазетиќ одигра само пет натпревари за Звезда, но тој е голем талент и италијанскиот тим сака брзо да ја заврши работата.
Има само 17 години, а особено се покажа во младинската Лига на шампиони.