ФУДБАЛ

Црвена Звезда подготвува вистинска трансфер бомба!

Црвена Звезда може да добие големо засилување овој јануари.

Имено, желба на предводникот на српскиот шампион е Квадво Асамоа.

Искусниот лев бек од Гана е слободен по разделбата со Интер во октомври минатата година.

Врвот на својата кариера го имаше во Јувентус, со кого освои дури шест Скудета, но како член на „Бјанконерите“ имаше и неколку сериозни повреди.

Искусниот 32-годишник претходно го носеше дресот на Удинезе од 2009 до 2012 година. Тој беше платен еден милион евра и продаден на Јувентус за 18 милиони евра.

Во последниве денови Асамоа беше поврзуван со Сампдорија и Удинезе, но понуди се уште нема.

Тој наводно рекол дека не сака да ја напушти Италија, но сакаат да се обидат во Звезда. Тоа би била вистинска бомба и подарок за фановите во новата година.