Манчестер Јунајтед има невозможна мисија да се пласира во Лигата на шампионите до крајот на сезоната, а веќе се предаде на Олд Трафорд, а тоа јасно го најави менаџерот Ралф Рангник.
Зад „црвените ѓаволи“ е уште една турбулентна сезона. Клубот нема да игра во Лигата на шампионите доколку до крајот на сезоната не се случи некое чудо и тоа ќе биде голем удар за финансиската структура на гигантите од театарот од соништата.
Ралф Рангник, менаџерот на клубот, исто така, денеска објави дека повеќе не се надеваат на пласман меѓу најдобрите клубови во Европа. Германецот беше сурово искрен.
„Мислам дека нема повеќе смисла да се зборува за Лигата на шампионите. Мораме да бидеме реални околу тоа“, рече Рангник.
„Имаме уште четири натпревари до крајот на сезоната, следните два се на Олд Трафорд. Ќе се обидеме да собереме што повеќе бодови и да ја завршиме сезоната на високо ниво“, изјави Рангник.
Манчестер Јунајтед утре го игра натпреварот од 37. коло на Премиер лигата. На „Олд Трафорд“ ќе го пречекаат Челзи, а покрај „сините“ до крајот на сезоната ќе играат и против Брентфорд, Брајтон и Кристал Палас.
„Црвените ѓаволи“ во моментов се на шестото место во Премиер лигата со 54 бодови, шест помалку од Арсенал кој е на четвртото место и кој има и натпревар помалку.