Вардар викендов го игра најважниот натпревар во оваа прва фаза од групите на ЛШ, како гостин кај ФТЦ во Будимпешта. Средбата се игра во сабота од 13,30 часот и ќе одговори на прашањето која екипа колку бодови ќе пренесе во следната фаза од ЛШ.
„Не треба да се плашиме од ништо. Игравме со нив, и знаеме дека се незгоден тим. Првиот меч во Скопје не е вистинскa слика. Тие потоа ја подобрија формата и одиграа еден одличен натпревар со Ѓер. Сигурно дека таа емоција уште ги носи. Ќе биде тешко, навивање на трибините и полна сала. Драго ми е што имаме ваков меч, тој ќе покаже каде сме со формата. Ако добро одговориме на оваа задача ќе знаеме дека сме подготвени за високи дострели, смета Драгана Цвијиќ.