Германскиот стручњак Томас Тухел со голем успех го предводи тимот на Челзи.
„Сините“ во моментов се второпласирана екипа во англиската Премиер лига со 43 бода, десет помалку од првопласираниот Манчестер Сити.
Тие се актуелни европски шампиони, а се уште се во игра за освојување на трофејот и одбрана со оглед на тоа што се пласираа во осминафиналето каде ќе играат против Лил.
Значајно тркало во тимот на Челзи е хрватскиот играч за врска Матео Ковачиќ, кој со одбрани зборови проговори за својот тренер.
“Томас Тухел е најдобриот тренер на клупско ниво и со голема разлика. Имаме исклучителен однос. Тој гледа некои работи кои не ги забележав кај другите тренери”, изјави Ковачиќ.
За лондонскиот тим оваа сезона одигра 20 натпревари, постигна два гола и подели пет асистенции. Договорот со Челзи, во кој пристигна од Реал Мадрид во 2019 година, е до летото 2024 година.
Кога станува збор за Тухел, тој оваа сезона го предводеше Челзи на 33 натпревари во сите натпреварувања и забележа само три порази, со 22 победи и осум нерешени.
Покрај споменатиот трофеј во Лигата на шампионите, Тухел на Челзи му го донесе и трофејот во Суперкупот на УЕФА, а се уште го чека првиот трофеј во Англија.
Да потсетиме, најуспешен по бројот на трофеи беше во ПСЖ со кој двапати беше шампион на Франција, со еден трофеј во Купот и Лига купот на таа земја и два Суперкупа.
За влакно му избега трофејот во Лигата на шампионите, со оглед на тоа што неговиот тогашен тим беше поразен од Баерн во финалето.
Исто така, во 2017 година со Борусија Дортмунд го освои германскиот ДФБ куп.