Се шпекулираше изминатите неколку денови дека Хрватот Игор Тудор ќе заработи отказ на клупата на Удинезе поради слабиде резултати. По десет одиграни кола Удинезе собра 10 бодови, има 3 победи, едно реми и шест порази.
Поради тоа, раководството го вклучи алармот, а „жртва“ секако е тренерот Угор Тудор кој на клупата на овој тим е од 2018 година. Денеска тој и официјално заработи отказ, а тоа го потврди самиот клуб преку својата интернет страница.
Кој ќе биде новиот тренер на македонсиот репрезентативец Илија Несторовски не е познато, но според италијанските медиуми најголеми шанси за оваа позиција има поранешниот фудбалер и тренер на Милан Џенаро Гатузо.

Италијанските медиуми пред неколку дена објавија дека раководството на Удинезе остварило првични контакти со Гатузо, а дали ќе се договорат останува да се види.
Привремето, до назначувањето на нов тренер, тимот ќе го води Лука Готи.