ФУДБАЛ

Тухел беше запрашан зошто Пулишиќ постојано „ја грееше клупата“, и тој беше брутално искрен

Фудбалерите на Челзи синоќа го совладаа Евертон со 2:0 на домашен терен во натпреварот од 27. коло на англиското првенство.

Томас Тухел продолжи со одличната серија откако неодамна ја презеде клупата на лондонскиот клуб, а „сините“ успеаја да стигнат до нови три бода од кои се наоѓаат на четвртото место со 50 бода.

Синоќа Каи Хаверц беше брилијантен, одигра одличен натпревар и конечно покажа зошто пристигна од Леверкузен ова лето. Сепак, новинарите беа заинтересирани по натпреварот зошто Кристијан Пулишиќ повторно не доби шанса од првата минута.

Пулишиќ влезе во игра во 90-та минута и на неговото лице можеше да се забележи незадоволство, но Тухел по натпреварот искрено рече зошто не е во почетниот состав.

“Можеби неговиот проблем е што јас знам од Дортмунд колку е силен кога влегува од клупата. Малку е неправедно затоа што знам што може да направи за 20-30 минути кога ќе влезе од клупата и колку ќе го подигне тимот “, рече Тухел.