ФУДБАЛ

Тухел даде контроверзно интервју пред натпреварот, а по мечот доби отказ

Томас Тухел изненадувачки доби отказ од клупата на ПСЖ.

Германскиот стручњак ја напушта клупата по нешто повеќе од две години, а многумина тврдат дека му пресудило интервјуто кое го даде вчера за германската телевизија Спорт1.

За овие шест месеци се прашував: Дали сум сè уште тренер или сум спортски политичар, министер за спорт? Каде е мојата улога како тренер во ваков клуб? “ Истакна Тухел и продолжи:

“Си реков: Само сакам да тренирам. Затоа станав тренер и затоа сè уште сум, може да ме најдат насекаде. На кое било место има половина полигон и ДВД плеер за снимање видеа. Сакам фудбал, но во овој клуб. Не секогаш станува збор за фудбал. Има голем број влијанија во ваков клуб, не е само интересот на тимот”, рече Тухел.

Овие зборови наводно ги навредиле челниците на клубот кои му дале отказ шест месеци пред истекот на договорот.

РМЦ тврди дека Тухел дознал за отказот минатата ноќ, а причините што му биле соопштени се од чисто спортски карактер, односно недостаток на врска и комуникација со тимот.

Неговата работа во Париз треба да ја добие Маурисио Почетино, кој се согласи да работи заедно до летото 2023 година.