Баерн во саботата ја декласира Борусија во Дортмунд со 4:0 и на вистински начин реагираше на дебаклот и сензационалната елиминација од Купот на Германија од третолигашот Сарбрикен.
Со голем триумф во дербито во Бундеслигата, Баварците им одговорија и на критичарите кои напаѓаа од сите страни во последните денови, а меѓу нив најгласни беа поранешните асови Лотар Матеус и Дитмар Хаман.
По „класикот“, тренерот на Баерн, Томас Тухел имаше порака за двајцата.
„ Што направивме добро на дербито? Освен лошата атмосфера и игрите? Лотар сигурно знае, ако не знае, тогаш знае и Хаман “, рече Тухел и додаде.
„ Одигравме одличен натпревар, создадовме многу шанси и постигнавме четири гола. По победата од 4:0, сите новинари се предомислија. Во ред, вие завршете ја својата работа, но јас нема да учествувам во неа“, рече Тренерот на Баерн .
По десет одиграни кола, Баерн е втор во Бундеслигата со 26 бода, што е два помалку од водечкиот Баер од Леверкузен.
