Тренерот на Баерн, Томас Тухел ќе мора да се откаже од дел од плановите оваа зима поради Александар Павловиќ.
Жоао Палиње беше желба на германскиот тренер уште во летото, кога прво се обиде да го доведе во клубот, а потоа продолжи за зимскиот преоден рок бидејќи тогаш не му успеа.
Меѓутоа, како што сега стојат работите, нема да можат.
Од две причини, позицијата заден играч за врска е во мирување до летниот преоден рок. Првата е големиот број повреди во одбраната, па Тухел повеќе би сакал да доведе стопер, а втората е дека Александар Павловиќ во последните недели го импресионираше стручниот штаб.
Овој 19-годишник роден во Минхен есенва доби поголема минутажа, го задоволи Тухел и Германецот ќе смета на него во вториот дел од сезоната.
Павловиќ против Штутгарт и Волфсбург одигра по 90 минути и забележа една асистенција.
