Доверливиот новинар на угледниот германски „Билд“ Кристијан Фалк денеска ја објави информацијата дека неговиот сонародник менаџер Томас Тухел ја напуштил својата куќа во Лондон и почнал интензивно да учи шпански.
Причината за овие одлуки на поранешниот менаџер на Челзи, со кој ја освои Лигата на шампионите во 2021 година, кога беше прогласен и за најдобар тренер на светот, би можела да биде преселбата во Шпанија и преземањето на кормилото на некој од тамошните гиганти. .
Во својата објава на Твитер, Фалк ги посочи Атлетико Мадрид и Барселона како потенцијални клубови каде 49-годишниот Германец би можел да ја продолжи кариерата.
„Јорганџиите“ не блескаат оваа сезона, тимот на Диего Симеоне испадна од Лигата на шампионите, додека Атлетико по 14 одиграни кола е само на петтото место во Примера, со 24 бода, дури 13 помалку од првопласираната Барселона.
Симеоне е во клубот од 2011 година, а по повеќе од една деценија се чини дека е постигната заситеност, иако договорот на Аргентинецот истекува во летото 2024 година.
Што се однесува до Барселона, тренерот на „благурана“ Чави е во многу подобра позиција. Барса беше елиминирана во групната фаза од Лигата на шампионите, но моментално е лидер во Примера, со два бода повеќе од Реал.
Сепак, 42-годишната легенда на Каталонците секојдневно се соочува со критики, а доколку сезоната заврши без трофеј за неговиот тим, може да дојде до заминување, иако договорот на Чави истекува на крајот на јуни 2024 година.