Партнерството на Калијан Мбапе со Мауро Икарди во напаѓачката фаза го потсети тренерот на ПСЖ, Томас Тухел nа партнерството меѓу француската sвезда и Радамел Фалкао во Монако.
Килијан Мбапе има постигнато 19 гола на 21 настапи за ПСЖ оваа сезона, додека Мауро Икарди придонесе 17 голови на 20 настапи откако беше позајмен од Интер, а Тухел ги пофали и двајцата.
Мбапе направи име за себе во европскиот фудбал играјќи заедно со Фалкао во Монако и ја грабна титулата во Лига 1 во сезоната 2016/17, и стигна до полуфиналето во Лигата на шампионите.
„Да, партнерството е малку слично затоа што Фалкао е како Мауро. Тој навистина сака да игра на позицијата центаршут и може да игра сам на оваа позиција“, рече германскиот стратег.
„Килијан се движи се повеќе и побрзо во крилјата на нападот. Тоа е добра комбинација и за двајцата. Тие сакаат да играат заедно и затоа се многу опасни за противниците “.
„Ова партнерство е добро затоа што секогаш имаме двајца играчи во последната половина на теренот и тешко е да се одбрани противничкиот тим. “