ФУДБАЛ

Тухел го пофали уникатниот стил на Аталанта

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел призна дека е импресиониран од неговите противници во четвртфиналето од Лигата на шампионите, Аталанта.

„Сосема имаат уникатен стил и Папу Гомез е супер играч“.

„Одбраната е најважниот клуч против Аталанта“, рече Тухел за БИН Спортс.

„Тие имаат сосема различен стил. Напаѓаат со сите свои играчи, цело време одат на напад, вршат притисок врз секој дел од теренот. Нивниот број 10, Гомез, е секогаш подготвен да биде закана. Тој се комбинира со сите играчи на мали простори.

„Тие играат од обете страни на нападот со играчи на крилото. Тие вкрстуваат, шутираат од далечина“.

 
„Тоа значи дека треба да се фокусираме на одбраната и да не примиме гол, но знаеме дека ќе биде тешко да го задржиме голот непроменет против Аталанта“, рече тој.

Избраниците на Гасперини имаат постигнато 98 гола на 38 натпревари во Серија А.

Тие имаат постигнато гол на сите натпревари во Лигата на шампионите, освен во првиот натпревар, вкупно имаат постигнато 16 гола на седум натпревари, постигнувајќи четири гола против Валенсија во 1/8 финалето.

ПОВРЗАНО

Серија А