ФУДБАЛ

Тухел: Имаме проблеми, но ќе најдеме решенија

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, е убеден дека неговиот тим ќе најде „решенија“ за сите проблеми со кои моментално се соочува поради корона вирусот.

Челзи побара од Премиер лигата да го одложи натпреварот против Волвс, но тоа не се случи.

„Не е лесно да се одложуваат натпреварите, но со право го баравме тоа. Го пренесов моето мислење со сите, на крајот моравме да ја прифатиме ситуацијата“.

Натпреварот против Брентфорд во Лига купот во среда ќе биде првиот од трите што ги очекуваат „сините“ во следните осум дена.

„Тоа е возбудливо. Не е ништо ново што ќе одиграме три натпревари за краток период, но без девет или десет играчи ќе биде предизвик. Имаме проблеми, но ќе најдеме решенија“.

Запрашан дали е разочаран од одлуката на Премиер лигата да го продолжи натпреварувањето како што беше првично планирано, германскиот стручњак рече:

„Не, не би рекол дека сум разочаран. Немам решение за распоредот. Не знам, можеби тоа би го одложило проблемот. Има клубови кои имаат големи проблеми. Ние исто така имаме во ова време. Нема решение кое би било добро за сите“,  заклучи Тухел.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига