Томас Тухел, кој доби отказ од Челзи по поразот од Динамо Загреб (1:0) во првото коло од Лигата на шампионите, од лондонскиот клуб ќе добие отштета од 17,5 милиони евра.
Вкупните трошоци за целиот стручен штаб изнесуваат повеќе од 20 милиони евра, бидејќи со Германецот заминуваат и неговите помошници.
Тухел дојде во Челзи на 26 јануари 2021 година и со англискиот клуб ја освои Лигата на шампионите, Светското клупско првенство и Суперкупот на Европа.
Германецот во кариерата претходно ги водеше ПСЖ, Дортмунд, Мајнц и вториот тим на Аугсбург.
Челниците на лондонскиот клуб по загубениот натпревар од првото коло од групата Е се простија од Томас Тухел и му се заблагодарија на него и на неговите колеги за се што научија за тимот од „Стемфорд Бриџ“.