Томас Тухел постигнал договор со ПСЖ околу отпремнината за отказот кој го доби по скандалозното интервју. Како што пишуваат медиумите тој ќе добие околу 7 милиони евра. Од друга страна, пак, според новинарот Фабрицио Романо, Маурисио Покетино веќе кажал да и потпишал договор со францускиот првак.
Во прашање се само часови кога и официјално ќе биде промовиран во нов тренер на „Светците“. Деталите засега не се познати, но се појавија информации дека барал засилувања, а неговите желби биле Кристијан Ериксен од Интер, со кого работеше во Тотенхем и под чија „палка“ Данецот стана еден од најдобрите играчи за врска, но и Пауло Дибала од Јувентус, кој исто така е во втор план сезонава кај Андреа Пирло.