ФУДБАЛ

Тухел: Лукаку и Халанд заедно? Можам да замислам

Менаџерот на Челзи, Томас Тухел го потврди интересот на лондонскиот клуб за напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд.

Челзи летово се засили со Ромелу Лукаку , кој дојде на „Стемфорд Бриџ“ од Интер.

„Разговаравме за Ерлинг неколку пати, вклучувајќи го и минатиот летен преоден рок. Точно, во тоа време, неговиот трансфер во Челзи изгледаше нереален и невозможен“, истакна Тухел и продолжи:

„Редовно зборуваме за Халанд бидејќи тој е фантастичен фудбалер и дефинитивно важна личност во Борусија која е сериозен конкурент во Лигата на шампионите. Дали можам да ги замислам Лукаку и Халанд заедно на теренот? Зошто не, можеме да зборуваме за тоа! Не разговаравме сериозно за тоа, но да видиме што може да се случи во наредните недели.“

Норвешкиот репрезентативец оваа сезона одигра десет натпревари за Борусија Дортмунд и постигна 13 гола.

Челзи е лидер во Премиер лигата по осум одиграни кола со еден бод повеќе од Ливерпул и два повеќе од Манчестер Сити.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига