Тренерот на Баерн, Томас Тухел, го критикуваше Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) поради пријателските натпревари на германската репрезентација против САД и Мексико.
Тухел не ја гледа логиката германските фудбалери да одат на толку долг пат за време на паузата и да играат против екипи од други континенти како дел од подготовките за ЕУРО 2024 година.
„Не знам дали би бил заинтересиран да играм против Мексико и САД пред Европското првенство во Германија. Не знам дали некој може да го објасни ова доволно убедливо за целосно да го разберам. Не знам кој одлучи за ова, но веќе е одлучено“, гласно праша Томас Тухел.
Германските фудбалери, меѓу кои има и од Баерн, чекаат заморни летови и трансфери од авион во авион…
„Има разлика помеѓу густ распоред и патување низ временските зони. Ова е тест за издржливост. Ниту еден тренер во светот нема да каже поинаку. Не прашуваат за тоа само кога се е веќе решено. Никој никогаш не поставува прашања пред да донесе одлука. Тие веројатно го знаат нашето мислење и не сакаат да го слушнат. Затоа, тоа е бескорисно“, ги цитира „Билд“ зборовите на Томас Тухел.
Репрезентацијата на Германија на 14 октомври ќе одигра пријателски натпревар против САД во Ист Хартфорд, Конектикат, а четири дена подоцна против Мексико во Филаделфија, Пенсилванија.
