Менаџерот на Челзи, Томас Тухел, беше видно незадоволен по неочекуваниот пораз на стартот од Лигата на шампионите.
Челзи загуби во Загреб од Динамо со 1:0.
„Секако дека ова е лош резултат за нас. Приказната се повторува оваа сезона. Почнуваме добро, создаваме неколку полушанси, но не ги конвертираме. Потоа лесно примаме гол од контранапад и влегуваме во проблем“, изјави по поразот Томас Тухел.
Германскиот тренер е свесен дека има многу работа:
„Во моментов има премногу за анализирање. Очигледно не сме таму каде што треба и каде што дефинитивно можеме да бидеме. Така што на мене е да го решам проблемот, на нас е, треба да најдеме решенија. Во моментов ништо не функционира“.
Тој не сакаше да ја коментира играта на дебитантот Обамејанг.
„Вечерва нема да зборувам за поединци. Играме тимски, губиме тимски“.
Челзи го пречекува Салцбург во Лондон во второто коло од Лигата на шампионите на 19 септември.
Defeat in Zagreb. @WhaleFinApp | #UCL pic.twitter.com/LIx51tiqNG
— Chelsea FC (@ChelseaFC) September 6, 2022