Фудбалерите на ПСЖ играат вечерва против Нант во 23-то коло на францускиот Лига 1.
Парижаните се лидери во лигата уште од почетокот на сезоната и потребно е чудо ако не станат шампиони на Франција оваа сезона. ПСЖ вечерва сака да ја продолжи својата низа против Нант по одличното издание за викендот кога го совлада Монпелје со 5:0.
Но, овој натпревар остана во сенка на она што се случи во соблекувалната на ПСЖ. Поточно, Томас Тухел го извади Калијан Мбапе од средината на второто полувреме, што не го сакаше овој млад напаѓач.
Мбапе налутено му викаше на својот тренер, но тој го смири. Но, Тухел чекаше фудбалерите да одат во соблекувалната по натпреварот и пред сите му одржа предавање на Мбапе и му кажа дека не може да му се однесува така.
Француските медиуми јавуваат дека Тухел вечерва ќе го казни Мбапе и дека тој нема да биде во првиот тим. Мбапе веројатно ќе остане на клупата, а постои шанса тој воопшто да не биде во конкуренција за вечерашниот натпревар.
Очигледно е дека на овој начин Тухел сака да му покаже на Мбапе дека не може да се однесува со него вака и дека мора да ги почитува неговите одлуки.