Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел смета дека Нејмар и Килијан Мбап се мотивираат еден со друг бидејќи и двајцата одлично се истакнаа во победата од 4:1 над Амиенс во саботата.
Мбапе постигна два гола, Нејмар еден и Мауро Икарди еден, помагајќи му на ПСЖ да дојде до плус седум поени на врвот во Лига 1.
Само во декември, ПСЖ постигна 22 гола во шест победи, со тоа што Мбапе постигна осум од нив а Нејмар пет.
На прашањето дали овој пар може да направи уште подобро, Тухел не беше сигурен како да ги опише нивните способности.
„Што значи ова, подобро? Тие играат многу добро заедно. Тие ја вратија својата самодоверба и ја вратија добрата физичка подготвеност, што е најважно“, рече Тухел.
„Нејмар го мотивира Мбапен и Мбапе го мотивира Нејмар. Тоа е добра работа. Тие се опасни затоа што уживаат да играат заедно. Тие се блиску еден до друг на теренот и сакаат да играат така“, додаде тој.