ФУДБАЛ

Тухел по победата на дебито: „Бев многу нервозен“

На дебито на новиот тренер Томас Тухел, фудбалерите на Баерн го победија неговиот поранешен тим Борусија Дортмунд со 4:2 во големото дерби од 26. коло на Бундес лигата.

На овој начин Баерн се врати на врвот на табелата и има 55 бода, два повеќе од Дортмунд.

Битката за титулата ќе биде интересна, Баерн е во водство, но Борусија нема да се предаде, а Тухел по мечот призна дека не му било лесно на дебито.

„Бев многу нервозен денеска. Тоа беше добар прв чекор, но има уште многу простор за напредок. Да бидеме повторно први ќе ни даде самодоверба. Знаевме што е во прашање. Промената на тренерот секогаш дава немир, но тимот беше сто проценти подготвен да се бори за победа. Кога игравме мирно, создававме големи шанси. Бевме премногу нервозни на стартот и направивме многу грешки во вториот дел од натпреварот. Загубивме премногу топки“, изјави Тухел.

Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс не беше среќен по поразот.

„Резултатот не лаже, заслуживме да загубиме. Тоа не беше добра ноќ за нас. Што се однесува до трката за титулата, веќе се стигнувавме. Нема да биде лесно, но мора да останеме играта. Сè уште не е завршена“, рече Ројс.