Менаџерот на Челзи, Томас Тухел вели дека неговиот тим заслужено забележа победа против Саутемптон.
„Сините“ загубија од Манчестер Сити во шампионатот минатата недела, а потоа беа поразени од Јувентус во Лигата на шампионите. Сега, со играч со повеќе голови во финишот, го совладаа Саутемптон пред своите навивачи – 3: 1.
„Заслужена победа, иако тешко ја достигнавме. Двата тима покажаа добар настап, интензитетот беше висок. Ми се допадна однесувањето на играчите. На крајот, го постигнавме она што го сакавме. Важно е дека одигравме добро и победивме, по два порази. Покажавме дека не сме тажни или загрижени за тие резултати“, истакна Тухел.
Челзи, барем до недела, е лидер во Премиер лигата со 16 поени. Второпласираниот Ливерпул има два помалку и еден натпревар помалку.
По репрезентативната пауза, тимот од Стемфорд Бриџ гостува кај Брентфорд.