Челзи синоќа беше елиминиран од Реал Мадрид во четвртфиналето на Лигата на шампионите по одличниот натпревар во Мадрид.
Сините славеа со 2:3, но тоа не беше доволно за пласман понатаму бидејќи Реал во Лондон славеше со 1:3. Челзи имаше предност од 0:3, Реал намали на 1:3, го одведе натпреварот во продолженија, каде Бензема повторно прерасна во херој на кралскиот клуб.
По натпреварот гостинскиот тренер Томас Тухел не штедеше збор кон четвртиот судија Срѓан Јовановиќ од Србија.
По натпреварот четвртиот судија од Србија се забавуваше и се смееше со противничкиот тренер. „Кога отидов да честитам, ги видов во славенички расположени“, изјави Тухел и додаде:
„Сето тоа се случи веднаш при последниот свиреж на главниот судија. Да се види ваква ситуација кога судијата слави со тренер е секако лоша порака за сите“.
Тухел исто така истакна дека е горд на своите играчи и дека направиле се што е во нивна моќ.