Тренерот на Челзи, Томас Тухел зборуваше пред реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Лил и Челзи.
Челзи победи со 2-0 во првиот меч, а сега следува реванш во Франција. Секако, натпреварот доаѓа во незгоден момент за Челзи по санкциите кон сопственикот Роман Абрамовиќ, што може да предизвика големи последици за клубот.
„Колку што можам да видам, одиме на натпреварот, тој ќе се игра. Ако не можеме да летаме со авион, ќе одиме со автобус. Во секој случај, ќе биде таму на тој стадион“, рече Тухел.
Дуелот во Лил се игра во среда од 21 часот.
Тухел рече дека доколку е потребно, ќе седне зад воланот и ќе го повлече тимот да гостува во Франција.
Вообичаената посета на Премиер лигата чини околу 30.000 фунти, но интересно е што со воведување санкции на лондонскиот клуб му наложиле да може да потроши најмногу 20.000 фунти за организација на патувањето за гостински натпревари.