ФУДБАЛ

Тухел пред Малме: Да бидеме скромни и да ја почитуваме играта

Германскиот стручњак Томас Тухел истакна дека е исклучително среќен што добил можност да биде тренер на Челзи.

Челзи е на врвот во Премиер лигата, а не знае за пораз во последните шест натпревари во сите натпреварувања. Тој во вторник ќе игра против Малме во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите.

„Добро ни оди. Знаеме што е потребно за да се постигнат такви резултати“ , рече Тухел.

„Ова е петти или шести натпревар по ред во кој важеме за фаворити и ми се допадна како мојот тим се справуваше со тоа досега. Мора да бидеме подготвени, скромни и да ја почитуваме играта, бидејќи се е можно“.

На прашањето како успеал да има толку големо влијание во Челзи, германскиот стручњак одговори:

„Потребна е и малку среќа. Целта е секој ден да бидеме подобри, да напредуваме како тренер. Се чини дека ова е совршен натпревар од првиот ден. Среќен сум што сум дел од овој клуб и што заедно постигнуваме резултати. Не бев среќен што добив отказ за Божиќ, мојата мисија не беше исполнета во ПСЖ, имав големи соништа. Потоа, по неколку недели, се појави одлична можност и имав желба да се впуштам во авантура. Мора да бидете храбри во тие ситуации. Имам чувство дека добив голема награда“.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига