ФУДБАЛ

Тухел: Сакам Нејмар и Мбапе да останат во ПСЖ, но ако не биде така, ќе најдеме решение

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел се надева дека Нејмар и Мбапе нема да го напуштат тимот. Но сепак подготвене и на нивно заминување.

Сакам Нејмар и Мбапе да останат во ПСЖ, но ако не биде така, ќе најдеме решение. Пазарот е луд. Зборувам со Мбапе секој ден и знам дека треба да се подобри, изјави Тухел.

Реал Мадрид покажа голем интерес за младиот французин, но неговата откупна клаузула изнесува 250 милиони евра, а таа цена тешко би си ја дозволил и шпанскиот великан.

Има Шпекулации дека и Нејмар може да премине во редовите на Реал, но останува да се почека летниот трансфер период по што ќе биде јасно какви чекори ќе треба да преземе Тухел.