ФУДБАЛ

Тухел тврди дека сето тоа било шега: Сè беше погрешно преведено!

Томас Тухел повеќе не е тренер на француски ПСЖ.

Германецот синоќа дозна дека повеќе нема да го води клубот што ќе го остави на второто место со бод помалку од водечкиот Лион, а како причини за отказот во ПСЖ, тие му рекоа дека не е комуникативен и не е поврзан со тимот.

Многумина се прашуваа дали вчерашното интервју за германските медиуми е причина за отпуштањето. Тухел тврди дека не.

“Не зборував за политика. Сигурно сè беше погрешно преведено. Погледнете го интервјуто. Реков дека ПСЖ е посебен клуб, голем предизвик и дека ништо не се сменило”, рече Тухел и додаде:

“Тие ми рекоа дека е емисија за германски тренери, а не интервју. Се шегував на германски, не беше преведено добро. Не можеш да преведуваш од збор на збор. Тоа беше шега. Јас дури и не дадов дозвола сето тоа да биде објавено како интервју “, истакна Тухел.

Сепак, на крајот на краиштата, Тухел доби отказ, а наместо него на клупата најверојатно ќе седне Маурисио Почетино.