Се чинеше дека Челзи ќе слави на Сент Мери кога со голот на Рахим Стерлинг во 17. минута поведе на гостувањето кај Саутемптон, но домаќините направија пресврт и ги задржаа трите бода. По нивниот втор пораз сезонава, Томас Тухел вели дека неговиот тим се бори со концентрација и постојана игра.
„Почнавме добро практично во сите натпревари, но мислам дека се бориме да најдеме фокус и константност во натпреварите. Се мачевме да одговориме на нивната игра на вистински начин и да одиграме онака како што сакаме. Многу се мачевме по нерешениот резултат, ништо не ни одеше во прилог“, изјави Тухел по поразот.
На прашањето дали е загрижен, Тухел рече дека не сака да губи:
„Не знам дали загриженоста е вистинскиот збор, но апсолутно не сакам да губам“. И ова е веќе втор пат сезонава и ми се чини дека не е потребно многу за да не победиме, а тоа не ми се допаѓа особено“.
„Се обидуваме да победиме и мора да најдеме начин да го направиме тоа што е можно побрзо. Исто така, не разбирам како дојдовме во оваа ситуација со повреда кога е во прашање средниот ред. Во првите 20 минути создававме шанси, но не успеавме да постигнеме гол. И ова е нова ситуација за нас. Иако, тоа не мора да има последици. Можеш да победиш и 1:0“, продолжи Тухел и заклучи:
„Мислам дека не е тешко да не победите.