Челзи синоќа во последните минути од преодниот рок го потврди доаѓањето на Пјер-Емерик Обамејанг.
По само половина година и блескава полусезона, Обамејанг реши да ја напушти Барселона и да се врати во Лондон, но не во Арсенал, туку во градскиот ривал Челзи.
На Челзи му требаше класичен напаѓач и со сите сили се обиде да ја заврши зделката со Барселона и на крајот успеа да го официјализира овој трансфер во последните минути.
„Сините“ издвоија 14 милиони евра за доаѓање на искусниот напаѓач, а во спротивна насока тргна и Маркос Алонсо.
Покрај Обамејанг, лондонскиот клуб претходно комплетираше уште неколку одлични засилувања, а на Стемфорд Бриџ пристигнаа и Рахим Стерлинг, Калиду Кулибали, Марк Кукурела и Весли Фофана.
Интересно е тоа што Челзи во летниот преоден рок потроши неверојатни 300 милиони евра, а јасно е дека Томас Тухел реално нема да има право на кикс оваа сезона.
По завршувањето на трансфер рокот, англиските медиуми објавија три можни состави на сините за остатокот од сезоната, а јасно е дека Тухел навистина ќе има одличен играчки кадар на располагање.
Една од опциите е формацијата 3-4-3 и стартниот состав: Менди, Кулибали, Фофана, Тиаго Силва, Џејмс, Кукурела, Канте, Жоргињо, Маунт, Стерлинг, Обамејанг.

Исто така, англиските медиуми пишуваат дека најверојатно Челзи ќе игра во оваа иста формација, но со една промена во составот, односно дека Хаверц би можел да биде стартер наместо Маунт.

А третата опција е формацијата 4-3-3 која Тухел ја користеше неодамна на клупата на Челзи.
Во тој случај најверојатно во тимот би биле: Менди, Џејмс, Фофана, Кулибали, Кукурела, Канте, Жоргињо, Маунт, Хаверц, Стерлинг, Обамејанг.

Во секој случај, Тухел сега тешко се справува со играчкиот кадар, а се што побара доби кога се засилувањата. Но, ќе видиме како ќе се вклопат сето тоа и како ќе изгледа Челзи во остатокот од сезоната.