ФУДБАЛ

Тухел загрижен: Ќе ги убиеме играчите…

Тренерот на ПСЖ, Томас Тухел, зборуваше за француските медиуми за жестокиот распоред што го имаат најдобрите светски фудбалери оваа година.

Германецот се пожали на жестокиот ритам на натпреварите и истакнува дека фудбалерите се под голем удар.

“Ќе ги убиеме играчи затоа што немаат пауза. Најдобрите немаат време за одмор затоа што играат за клубови и за националниот тим. Нема начин како да ги подготвиме за тоа. Тешко е да се работи со нив”, рече Тухел.

Парижаните во последно време имаа многу проблеми со повредите на играчите. Мауро Икарди е надвор од теренот, а Нејмар беше повреден.