ФУДБАЛ

„Тука еден ден сте Пеле, следниот ден сте безвредни“

Талентираниот бразилски напаѓач Винисиус Јуниор е свесен дека не е лесно да се носи дрес на Реал Мадрид.

Винисиус потпиша за Реал во јули 2018 година, пристигнувајќи од Фламенго, но 19-годишникот сепак не блескаше во вистинскиот сјај, иако беше доведен како огромен талент.

„Марсело ме предупреди за тоа. Тука во Реал еден ден сте Пеле, а другиот ден безвреден“, призна Винисиус.

„Однадвор, изгледам прилично мирно, но честопати се вознемирувам одвнатре. Во моето деби на Фламенко, се исплашив до смрт и не сакав да ја допрам топката. Јас сум таков, но никогаш не ја губам радоста и напорно работам за да ги постигнам своите цели “, рече Винисиус.

На Бразилецот нема толку можност да ги игра сите 90 минути за Реал, последен пат тоа беше на 14 септември против Левант, додека денес во победата над Хетафе (3-0) тој доби шанса од 71. минута наместо Иско.