Посетата на Турција кај Исланд може да се трансформира во дипломатски скандал меѓу двете земји.
Турција утре, како дел од квалификациите за Европското првенство ќе гостува кај Исланд, а фудбалерите на Турција на аеродромот доживеаа понижување.
Напаѓачите Бурак Јилмаз и Емре Белезоглу се пожалија дека пасошката контрола траела три часа.
Скандалот го направи, локален новинар кој, земајќи изјавата од Белезоглу наместо микрофон, донесе четка за WC шоља!
„Ова е губење време, стоев таму три часа, сите кеси беа отворени и беа проверени неколку пати. Летавме шест и пол часа, а сега чекаме три часа“, рече Јилмаз.
„Не би сакал да кажам ништо, нека го објаснат сето ова. Срамно е, од слетувањето ние сме изложени на непотребна контрола“, рече Белезоглу.
По немилите настани, турските власти предадоа дипломатска нота до властите на Исланд, осудувајќи го приемот на турската фудбалска репрезентација минатата ноќ.