ФУДБАЛ

Турскиот клуб негираше дека Абрамович ги купува

Откако се појавија информации дека Роман Абрамович го купува турскиот Ѓозтепе, брзо стигна демант.

Абрамович бил принуден да го продаде Челзи, а наводно се насочил кон Турција.

Сепак, претседателот на Извршниот комитет на Ѓозтепе, Талат Папатја, негираше сè.

„Во медиумите прочитавме дека Абрамович го купува Ѓозтепе. Тоа не е точно“, рече Папатја.

Ѓозтепе се бори за опстанок во турската Суперлига, а клубот е основан во 1925 година.

Тие беа шампиони во 1950 година и сега се надеваат дека ќе опстанат во елитните редови на турскиот фудбал.

Според Форбс, Роман Абрамович има проценето богатство од 7,9 милијарди долари во 2021. Рускиот бизнисмен е сопственик на најголемата јахта во светот, која чини 400 милиони долари, а се наоѓа на пристаниште во Израел.