ФУДБАЛ

Турците тврдат дека Ченк Тосун на Евертон утре ќе биде во нов клуб

Напаѓачот на Евертон, Ченк Тосун, постигна договор со Кристал Палас и трансферот ќе биде објавен утре, според известувачот на телевизијата „Бејаз“, Ертан Сузун.

Тосун не ја доби вистинската можност во „Гудисон Парк“ и најмногу ги чекаше своите минути од клупата, па реши да го смени клубот барем привремено.

Неколку клубови беа заинтересирани за Тосун, меѓу нив беа и Истанбулските великани како Фенербахче и Бешикташ, како и Астон Вила, но на крајот, напаѓачот го одбра Палас Кристак.

Наводно е постигнат договор за заем и истиот ќе биде финализиран во сабота.

Рој Хоџсон има проблеми со повредени играчи и затоа одлучи да го донесе Тосун на позајмица до крајот на сезоната, а играчот има можност да добие повеќе минути, што е многу важно за него пред Европското првенство, на кое настапува и Турција следното лето.

Тој има одиграно само пет натпревари во Премиерлигата оваа сезона, постигнувајќи еден гол и исто така има зашишано три настапи во Лига Купот, а тука запиша три асистенции.