ФУДБАЛ

„Тутуспорт“: Јовиќ го засилува италијанскиот гигант

Шпанските медиуми се убедени дека Лука Јовиќ нема да ја пречека пролетта на „Сантиаго Бернабеу“.

Српскиот репрезентативец во Мадрид беше најавен како големо засилување, но денес, неколку месеци подоцна, на негова сметка има само еден гол и се зголемуваат гласините за можен трансфер.

Тутуспорт наведува дека Јовиќ самиот инсистира да си замине затоа што сака да има поголема минутажа, што Реал не може да му овозможи, а следна дестинација може да биде Италија.

Иако на маса има неколку опции, според изворот, Јовиќ вели, дека тој треба да ја продолжи кариерата во Милан, на кој им е потребно итно голови, бидејќи сите нивни напаѓачки оваа сезона покажаа слаба игра.

Гигантот од „Сан Сиро“ би го довел Јовиќ на позајмица до крајот на сезоната, а потоа, во зависност од партиите што ќе ги обезбеди, ќе размисли за купување на неговиот договор.

Реал го донесе Јовиќ од Ајнтрахт за 60 милиони евра.