Италијанската полиција го уапси поранешниот фудбалер Луиџи Сартор за одгледување марихуана на фарма во регионот на Парма.
Сартор, заедно со уште еден маж, беше уапсен и обвинет за одгледување 106 стебленца марихуана на плантажа.
Поранешниот фудбалер на Јувентус, Парма, Интер и Рома се соочува со сериозна затворска казна.
Својата професионална кариера ја заврши во 2009 година, а во Серија А одигра 165 натпревари и има 33 настапи во европски натпреварувања.