ФУДБАЛ

Убаво е да се гледа ваков Нејмар, ПСЖ конечно славеше во Азија!

Фудбалерите на Пари Сен Жермен ја постигнаа првата победа на подготовките во Азија над Јеонбук со 3:0.

Средбата во Бусан го одбележа враќањето на Нејмар на терените по речиси шест месеци отсуство поради повреда, а Бразилецот постигна два гола со една асистенција.

Се играше 40. минута кога Нејмар дрибла во шеснаесетникот и успеа да добие доволно простор за со финта да го совлада голманот на првата статива.

Нејмар беше доста расположен за игра, што љубителите на фудбалот секогаш со задоволство го гледаат, тој се најде во улога на стрелец во 83. минута, овојпат по убавото додавање на Руиз.

Конечниот резултат го постави Марко Асенсио пет минути подоцна по атрактивното двојно додавање со Бразилецот кој ја врати топката со пета.

Противникот можеби не е на нивото на најсилниот во Европа, но убаво е да се гледа вака Нејмар…

https://youtu.be/A3wsSAs2yWo