ФУДБАЛ

„Убаво е да се види Роналдо кога е лут“

Тимот на Верона успеа да направи големо изненадување претходно оваа сезона во Серија А совладувајќи го Јувентус со 2: 1.

Мигел Велосо, капитен на овој тим, изјави дека е убаво да се види лутиот Роналдо по мечот.

„Чувството кога го победивте Кристијано Роналдо? Прекрасно е затоа што го познавам и знам дека тој не сака да изгуби“, вели 33-годишникот преку сторито на Инстаграм, додавајќи:

„Да го видите лут е убаво, иако после натпреварот застанавме и разговаравме некое време“.

Верона има многу добра сезона и во моментов е на 8-то место во Серија А, и има натпревар помалку од другите екипи.

Патем, првенството беше прекинато пред скоро четири недели и засега не е познато дали и кога ќе се продолжи.

Да знаеме дека Велосо е соиграч на Роналдо од Португалија, па секако тој го кажа сето тоа во хумористичен тон.

ПОВРЗАНО

Серија А