Во последно време многу се зборуваше дека Лионел Меси би можел да го напушти тимот на Барселона.
Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати е уверен дека Интер ќе се обиде да го донесе Меси, и очекува понудата да биде испратена наскоро.
“Не е лесно, а причината е економска природа, но вие само треба да му дадете сè што сака, бидејќи тоа е Меси. Ако има намера да ја напушти Барселона, јас сум убеден дека Интер ќе се обиде да го доведе”, рече Морати и додаде .
“Јас можам само да замислам како би изгледал Интер тогаш. Би било неверојатно да се гледа тој тим и искрено се надевам дека ќе се случи”, заврши Морати.
Барселона веќе рече дека ќе сторат се за да го задржат Меси, но големото прашање е што ќе одлучи Аргентинецот на крајот.