Кошаркарите на Блокотехна извојуваа уште една победа во домашното првенство со што во чекор го следат лидерот Работнички на табелата.
Убедливо беше совладан тимот на Струмица со 112-57 што е 8. победа во 9 кола за оваа екипа. Мијатовиќ со 23 поени и Дујковиќ со 18 беа најефикасни но и доминираа под обрачите со вкупно 20 скока.