Кингсли Коман, кој оваа недела потпиша нов договор со Баерн Минхен, нема да може да настапи за Баварците на претстојниот натпревар со Келн во Бундеслигата. Причината е што францускиот репрезентативец се здоби со повреда на десната надколеница.
Коман штотуку се опорави од заразата со Ковид-19, но неговото враќање во Баерн ќе биде одложено.
Повредата на Французинот не е многу сериозна и тој може да биде на линија за следниот натпревар на тимот против Херта (Берлин) кој е закажан за 23 јануари.