Португалскиот репрезентативец Нуно Мендеш поради повреда го заврши учеството на Светското првенство во Катар, потврди спортскиот новинар Фабрицио Романо.
Тој се повреди во 42. минута од натпреварот против Уругвај каде Португалија се пласираше во осминафиналето.
Мендеш во солзи го напушти теренот, а медиумите во Лисабон објавија дека се работи за повреда на бутниот мускул.
И левиот бек на Пари Сен Жермен пред почетокот на турнирот имаше проблем со повреда на тетивата, поради што не беше вклучен на воведниот меч против Гана.
Португалија во последното коло во петок на 2 декември ќе игра против Јужна Кореја.