Дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ, ја имаше најдобрата шанса на натпреварот бидејќи ја погоди стативата во првото полувреме.
Претпоследниот меч од денешната програма во Серија меѓу Удинезе и Фиорентина заврши без голови (0-0).
Натпреварот се играше зад затворени врати на Стадио Фриули во рамки Серија А поради мерките кои се на сила за коронавирусот.
Вечервното дерби меѓу Јувентус и Интер ќе го заокружи фудбалскиот викенд во Италија.