Во попладневната програма на Серија А се одиграа два натпревари. Фиорентина ја победи Салернитана со 3:0, додека Удинезе ремизираше со Верона 3:3.
Удинезе брилијантно го отвори натпреварот против Верона. Поведоа преку Кабесел, кому во 16. минута му асистираше српскиот репрезентативец Лазар Самарџиќ. Само 14 минути подоцна Лука ја удвои предноста.
Сепак, Верона не се предаде, предводена од Дарко Лазовиќ со капитенската лента. Милан Ѓуриќ со пенал во 37. минута намали на 2:1.
Нгонде во 61. минута израмни на 2:2. Лука со вториот гол му донесе предност на Удинезе, а Анри на Верона во седмата минута од судиското надополнување бод.
Во Фиренца немаше драма. Фиорентина поведе во 6. минута преку Белтран, кој беше прецизен од белата точка. Само 12 минути подоцна водството го удвои Сотил, а конечниот резултат го постави Бонавентура во 56. минута.
